Рецепт: Овошен јогурт од шумско овошје

Понекогаш, навистина ни се јаде нешто благо, но, не сакаме да вложуваме премногу труд, особено ако се работи за некој мрзелив ден, во којшто сакаме само да одмараме. Затоа, денес ви го нудиме овој рецепт, кој ќе ви го задоволи апетитот за благото и ќе го направите за многу кратко.

Состојки:

300 грама шумско овошје
600 мл јогурт
100 грама шеќер
Свежа мента

Подготовка:

Замрзнатото овошје оставете да се одмрзнува на собна температура неколку минути пред да го ставите во блендер.

Сите состојки ставете ги во блендерот и оставете да се измешаат.

Откако ќе го оладите пијалокот,  ставете го во чаша и украсете го со ливчињата мента.