Разбојништво на кладилница во Аеродром

Вчера во 17.30 часот на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Скопје непознат  маскиран сторител извршил разбојништво во обложувалница.

Сторителот, со закана од вработените одзел неутврдена  сума на пари и побегнал во непознат правец.

МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.