Работи за кои ќе се каете што (не) сте ги правеле во младоста

Младоста е време на клучни одлуки, но и на забавување. Период на слобода, период на пронаоѓање и истражување. Младоста се одликува со независен дух, со бунтовност и тврдоглавост. Младоста е време и за грешки. За некои од тие грешки ќе се каете кога ќе остарете.

Животот е невозможен без каења. Сите ги имаме, за најразличен вид на работи. Некогаш се каеме за нешто што сме го направиле, некогаш се каеме за нешто што не сме го направиле. Внимавајте на овие работи, можете да спречите одредени работи за да не се каете кога ќе остарете.

1 . Не сте вежбале.
2. Премногу сте се грижеле што другите мислат за вас.
3. Сте дозволиле мислењето на родителите да биде клучно во вашите одлуки.
4. Неодговорноста во поглед на финансиите.
5. Прерано сте стапиле во брак.
6. Не  сте вложувале доволно во себе и своето образование.
7. Не сте патувале.
8. Не сте собрале храброст да ја поканите на состанок личноста која многу ви се допаѓала.
9. Не сте ги негувале пријателствата.
10. Не сте живееле никогаш сами.
11. Не сте ги искажувале гласно вашите мислења.
12. Не сте се почитувале себеси и вашиот изглед и тело.
13. Сте дозволиле другите да ја градат и рушат вашата самодоверба.
14. Сте заглавиле во врска во која сте биле несреќни.
15. Себеси сте се ставале на последно место.