Вие сте личност која дава толку подароци што понекогаш ги плашите луѓето околу себе. Кога ќе запознаете некој пред Божиќ, навистина сре среќни, затоа што тоа значи дека на таа личност можете да и купите подарок. Вие со недели можете да купувате нови подароци и да уживате.

Кога сите ваши пријатели се напнати заради нешто, не можат да го поднесат вашиот супер оптимизам. Не е дека вам не ви се случуваат лоши работи, но едноставно не дозволувате да ве скршат. Како да имате супер моќи!

Премногу анализирате. Затоа што сакате да бидете подобри, побрзи и посилни.

Многу се лутите кога ќе изгубите во нешто. Вие имате натпреварувачки дух. И тоа како! Да речеме дека „Не лути се човече“ не е игра за вас!

Многу се фрустрирате кога знаете дека нешто не е во ред со вашата другарка, иако таа инсистира дека се е океј. Ама знаете. Претчувствувате дека не ви кажува нешто.

Секогаш вам ви се паѓа да донесете вино или нешто слично, затоа што сите знаат дека не се снаоѓате баш најдобро со готвење. Среќа досега не сте ја запалиле кујната. Не се ни обидувајте, ве молиме.

Не сфаќате како може вашите пријатели да се досадуваат, затоа што вам никогаш не ви е досадно. Дури и кога морате да седите дома цел ден, вие секогаш ќе си најдете некоја занимација и ќе најдете начин да ви биде интересно.

Вие секогаш сте ликот кој ги „исправа сите криви дрини“ во вашето друштво. Вие ги поправате непријатните работи, медијатор сте на расправии, наоѓате решенија за проблемите, итн.

Имате 900 недовршени проекти, затоа што сте машина за идеи, но не и за спроведување на тие идеи. Вчера на памет ви паднаа 19 генијални идеи, а денес веќе сте заборавиле кои се тие.

Никогаш не научивте да ги криете вашите чувства. За што и да е.

Чувството на благо разочарување кога очекувате нешто од некого, а таа личност ве изневери. Тоа е затоа што вие сте луѓе кои би направиле се за секого. И тоа го очекувате од другите.

Чекањето е ваш личен пекол. Толку многу мразите да чекате, што најверојатно прескокнавте некоја точка за да стигнете до оваа.