Пуштени во продажба билетите за концертот на John Newman во Скопје!

Билетите за мега концертот на големата и светски позната музичка атракција John Newman во Скопје пуштени се во продажба точно во 09 часот на сите продажни места на Купи карти за се, Тикет плус и цвеќарата „Розе“ (Веро 2), како и онлајн на www.kupikartizase.com и www.ticketplus.mk, по цени:

ПАРТЕР 990 денари
ТРИБИНИ од 1.200 до 1.500 денари
ФАН ПИТ 1.500 денари (само 1000 влезници)
ВИП 2.000 денари (само 200 влезници)

Големиот концерт на John Newman во Скопје ќе се одржи на 21 јуни во арената „Борис Трајковски“.