Авалон продукција информира дека утрово во продажба се пуштени билетите за концертите на Каролина на кои ќе го промовира новиот албум „Извор“ во МОБ на 23, 24, 25 и 26-ти февруари.


Истите ќе може да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС.

Цената на еден билет ќе чини 800 денари, а со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите, во МОБ.