Психолог Чучкова: Опоменуваме деновиве дека ќе има лавина од девијации

Психологот Ана Чучкова на својот фејсбук профил упати апел до сите родители да им ги одземат телефоните и таблетите на кои имаат пристап до социјалните мрежи. 

-Родители, денес, сега, не утре! Земете ги сите уреди до кои децата имаат пристап на социјалните мрежи, тик-токови и сите такви отрови. Неколку психолози опоменуваме деновиве дека ќе има лавина од девијации (не само кај децата) и на ова ќе се прилепат сите општествени патологии. Засилете контроли, не ги тргајте очите од вашите деца, посебно периодов, порача таа преку објава.

- А не е лошо и со сите оние млади што го истетовираа ликот од филмот ЏОКЕР пред години да се поразговара се поразговара малку, додава Чучкова.