Првомајската парада фрлаше се во сенка: Како се славеше Први мај во Скопје? (видео)

Во спомените за старо Скопје, постарите генераци како празник над празниците ја помнат прославата на Први мај – Денот на трудот.

Работните луѓе од цела Македонија се собирале во главниот град каде на спектакуларен начин се организирала првомајската парада на која сите настојувале да го прикажат она што го работеле и она што го постигнале на најдобар начин.

Тоа е време во кое Скопје имало Градска, Руска и Офицерска плажа, време во кое вториот ден се славел на Сарај и Матка со пријатели, роднини, во друштво со девојките и момчињата или пак, едноставно со скопјани. Но, се согласуваат речиси сите што го изживеале тоа време, првомајските излети биле во сенка на парадата која била најголемото чудо на првомајските празници.

Првомајската треска почнувала петнаесетина дена пред празникот. Градот невообичаено се раздвижувал, секое негово делче, сите работни организации, сите жители од најстарто до најмаладо се подготвувале за дочекот на Први мај.

Во центарот на градот, пред тогашниот Офицерски дом на плоштадот се правела голема бина пред која дефилирале работниците покажувајќи ги своите достигнувања.