Првите куќи и згради се од 1945 година: Оваа населба претставува порта на општина Аеродром

Оваа скопска населба се наоаѓа на крајниот западен раб на Општина Аеродром.

Наречена е според поранешната конзервара Мичурин, која е наречена според советскиот ботаничар Иван Владимирович Мичурин. На север се граничи со населбата Пролет и Острово, на исток со Аеродром, додека на југ со населбата Кисела Вода. Мичурин преставува високо урбанизирана населба. На нејзина територија е зместена зградата на Општина Аеродром. Мичурин претставува порта на Општина Аеродром.

Пред да биде населен овој дел од Скопје, се наоѓала фабрика за конзервирање на овошје и зеленчук „Мичурин“.

На празниот простор кај фабриката првите куќи и згради почнале никнуваат во 1945. Тогаш голем број Македонци од егејскиот дел поради граѓанската војна во Грција, се доселувале во Македонија, па првите куќи во денешната населба Мичурин биле изградени од Егејците бегалци.

По нив биле подигнати и згради за вработените во железницата. Бидејќи првите згради и куќи биле изградени во непосредна близина до фабриката и по неа било препознатливо новото маало во градот, граѓаните го нарекле Мичурин. Во 1948 името на фабрика се менува во „Вардар", но населбата си го задржала името на рускиот ботаничар.

Кон крајот на 1980 година, бидејќи населбата веќе била густо населена, донесена е одлука фабриката да се дислоцира подалеку од центарот на градот. Објектот целосно се урнал, а нова фабрика е подигната на излезот од градот во селото Орешани. Жителите на Мичурин. во знак на сеќавање, одлучиле оџакот на некогашната фабрика да стане симбол на населбата. Оџакот е насликан и на знамето на населбата.