Прв случај на западнонилска треска во Македонија оваа година

Прв случај на западнонилска треска во Македонија годинава – Скопјанец се бори за живот на Инфективната клиника.

Една недела дише со помош на апарати.  Болеста му ја откриле пред една недела во Градската општа болница 8-ми Септември, а откако му се влошила состојбата, со воспаление на мозокот е префрлен на Инфективна. Заразениот е на возраст од 66 години. Со вирусот кој го пренесуваат комарците најверојатно се заразил пред еден месец на излет во планина, покрај езеро. Болеста се манифестира со клиничка слика на грип, но најголемиот број случај поминуваат без изразени симптоми.