Прв „Хибрид фест“ посветен на еко превозните средства

Во „Капитол мол“ денеска почнува првиот „Хибрид фест“ посветен на еко автомобилите, скутерите, тротинетите и велосипедите.

„Хибрид фест“ ќе се одржува до четврток во периодот од 18 до 21 часот кога граѓаните ќе имаат можност да се информираат и да ги тестираат еко превозните средства.

Настанот го организира „Капитол мол“ во соработка со „Прокредит банка“, „Тојота Хибрид“, „Хамачи“ и „MС Енерџи“.