Проверете дали сте заглавени во лоша љубовна врска

Кога сте во врска со некој кој не ве прави среќни и не се однесува со вас како што сакате, а навистина ви се допаѓа, почнувате да се лажете самите себе за да се уверите дека не сте во право.

Доколку се препознаете во некоја од овие реченици и често ги повторувате, време е на вашата врска да и ставите крај.

Ќе биде подобро

Постојано чекате да дојде до подобрување, се тешите дека барем не сте сами, но тие подобри моменти никако да дојдат. Да, ќе биде подобро, но кога ќе и ставите крај на врската и ќе почнете врска со некој друг.

Може да биде и полошо

Вистината е дека ситуацијата секогаш може да биде полоша отколку што е, но зошто би прифатиле нешто лошо, кога може да биде многу подобро?

Барем не ме изневерува

Најмалку што може да направи е да ве изневерува, но тоа не значи дека треба да бидете со него и да се задоволите со тоа, доколку сметате дека не ви одговара.

Тоа е само лоша фаза

Размислете колку долго оваа фаза трае. Ако е година или подолго, тогаш е лоша врска и не треба да ја перцепирате како фаза.

Проблемот е во мене

Воопшто не е важно во кого е проблемот, доколку секој втор ден нешто не е како што треба. Главниот проблем е што и понатаму сте заедно.