Проституција во Скопје: Згодни девојки се продаваат на сите страни

Скопје, Милена и Сузана, тотално откачени девојки спремни на све заради лоши девојки и по некој надарен младич.

Сакам секс, ама сакам и да живеам убаво. Сакам патувања, добра кола, удобен живот без грижи. Нудам многу и давам сè од себе. Не сакам да губам време, ми треба постар добро ситуиран маж. Може и без обврски, па ќе видиме. - вака изгледаат само дел од големиот број огласи преку кои се нудаат, продаваат и бараат секс услуги.

Eскорт проституција - магнет за странците

За странците, нашиот главен град е Мека и Медина кога станува збор за девојки за забава. Штом дојдат странци, бараат да им се обезбеди убавица со која ќе си поминат убаво. Но не само дојденците, туку и момците од земјава кои можат да си го дозволат ова „слатко задоволство“. Мета се мажи што се добро ситуирани, возат добар автомобил, носат скапа брендирана облека…

За да дојдете во контакт со девојка за придружба, или популарно „ескорт-дама“, не ви треба многу. Во Скопје веќе неколку познати фаци од градската шема имаат девојки на располагање токму за таа намена. Најважно е да се знаете со „лицето за врска“, кое ќе ве однесе на патот кон добра забава. По дефиниција овие дами се многу поскапи отколку оние на улица.

Ескорт-проституцијата многу често ја работат девојки што веќе имаат бекап,односно пристојна работа. Како девојки за придружба работат и девојки од естрадата.
– Кога ќе видите некоја од нив во град, дотерана од глава до петици, тешко дека ќе ви текне какво хоби има – велат извори кои инсистираа на анонимност, а знаат како функционира „бизнисот“.

Ставот на популацијата

Во едно он лајн истражување спроведено во Скопје дури 15% од испитаниците одговориле дека тоа е добар начин за пронаоѓање партнер. Сепак, поголем е бројот на испитаници кои сметаат дека ваквиот тип на девојки на крај ќе си останат сами и сигурно со по некоја болест.

35% од испитаниците воопште не ја подрржуваат приституцијата, а повеќе од 12% сметаат дека ова е добар начин за заработување пари.

Елитна проституција во Скопје

Ланецот на проституцијата одлично функционира по луксузните клубови и хотели низ Скопје, но и низ Белград. Девојките најчесто се на возраст од 18 до 30 години и обично се студентки.

Добро познато е дека елитната проституција е развиена и во нашето Скопје. Многу девојки прифаќаат да бидат т.н. „придружнички“ на одредени бизнисмени, политичари и видни фаци од градот, да им пружат задоволства, па макар и сексуални услуги. Некои од нив се познати старлети, чии секс чини околу 300-500 евра, но и девојки кои за 100-200 евра ви нудат целосно задоволство. Како и белграѓанките, така и скопјанките се обидуваат да се држат до високото друштво и да се покажат во најдобро светло за да ги препорачуваат на нивните богати пријателчиња.

На овој начин девојките живеат на висока нога и често се недостапни за „обичните момци“ со кои нормалните девојки се дружат. На овој живот се навлекуваат по своја волја и можеби незадоволноста од она што го добиваат од нивните родители кои работат само за да им обезбедат еден нормален живот. Освен скопјанките, во овој круг често се наоѓаат и студентките од провинцијата кои се обидуваат да се изборат за добро место во главниот град, па често посегнуваат по елитната проституција.

Проституција за 5 банки во старо Скопје

Ваква или слична појава имало и во минатато. Поради големиот број проститутки во градот, санитетската служба во Скопје издала наредба за најстрога забрана за шетање на проститутките низ градот. И покрај нивното прибирање од улиците и нивното носење на медицински преглед, заради здравствена заштита, многу девојки сепак останувале на улиците и “работеле” за 100 динари или пак за 5 банки. Старите скопјани раскажуваат дека во Скопје во 1926 год. имало 23 блудилишта (јавни куќи) од кои две третини се наоѓале во центарот на градот. Такви кафеани биле “Босфор”, “Централ”, “Босна”, “Српска круна”, “Космај”, “Загреб”, “Америка”, “Мостар”, “Бачка”, “Железничка казина”, Империјал”, “Деви Хан”, “Маврово”, “Бела кафана”, “Јанче Хан”, “Брзи воз” и други.

Во овие локали имало многу јавни девојки кои им се нуделе на посетителите.
Боривоје Градишки се сеќава на скопските бордели, “Кафе Шантан”, “Златен паун”, “Шангај”, “Бела лаѓа”, “Океан” што се наоѓал кај Мала станица и каде што се собирале уметниците, особено Никола Мартиноски кој насликал еротски сцени на ѕидовите во кафеаната, “Три вили”, “Хајдук Вељко”, “Бела кафана”, “Маврово”, “Америка”, “Космај”, “Пивни избор”, “Марс”и други.

cheap nike free run 5.0