Промоција на романот „Абафи“ од унгарскиот писател Миклош Јошика

„Матица македонска“ вечер ќе го промовира  романот „Абафи“ на  унгарскиот писател Миклош Јошика.

Издавачот и Унгарската амбасада во Скопје со промоцијата ќе го одбележат националниот празник на Унгарија. Книгата ја преведоа Велика Ширилова и Паскал Гилевски. Изданието ќе го претстави писателот Раде Силјан, а најавено е и обраќање на  амбасадорот на Унгарија Ласло Дукс.

Извадоци од романот на унгарски и македонски јазик ќе читаат членови на Здружението на унгарците „Теледом“ од Скопје. Промоцијата ќе се одржи од 20 часот во книжарницата на „Матица македонска“ на бул. Климент Охридски“.