Пролетна акција за чистење на Хром

Комуналните служби на Општина Ѓорче Петров во текот на денешниот ден работат во населба Хром, односно на потегот од ул.Стево Филиповиќ до крајот на ул.Исаија Мажовски, каде што се уредуваат зелените површини, се собираат лисја и се собира сметот кој е затекнат на локациите.

Во текот на наредните денови пролетната акција ќе продолжи и на другите улици во населба Хром, како и ќе се уредуваат сите зелени површини во населбата, информираа од локалната самоуправа. 

Градоначалникот Александар Стојкоски упати аппел до жителите на Хром за совесно однесување и користење на поставената урбана опрема, се со цел истата да биде во функција и да им служи на сите жители кои ги посетуваат парковите и ги поминуваат пролетните денови низ населбата.

- Продолжуваме да работиме за чисто и убаво Ѓорче! - порача тој.