Производи за помлад изглед

Исхраната многу влијае на здравјето на луѓето, но освен од внатре таа дејствува и на надворешниот изглед. 

Стравувањата од големи здравствени проблеми можат да се решат без многу мака со добар избор на производи.

Исхраната директно влијае на вашиот секојдневен изглед и игра клучна улога во тоа како ќе стареете, изјави докторот Џошуа Цајхнер, додавајќи дека паметниот пристап вклучува хранливи материи, минерали и заситени киселини, како и антиоксиданси кои го штитат вашето тело од стресот околу нас.

Лубеницата е богата со ликопен, „антиоксидант кој на лубеницита и доматот им дава црвена боја и и помага на кожата во одбивање на УВ оштетувањето, смета нутриционистот Кери Гласмен. 

Семките од шипинката се извор на антиоксиданти како што е витаминот Ц, кој спречува појава на брчки и сува кожа. Освен тоа шипинката соддржи и антоцијан кој го зголемува производството на колаген и киселини кои ги намалуваат воспалителните процеси предизвикани од  УВ оштетувањето. 

Кафето има биоактивни состојки кои ја штитат кожата од меланом.

Боровницата ја храни кожата со витамините Ц и Е, кои се два антиоксиданти што ја разубавуваат кожата и се борат против оштетување предизвикани од слободните радикали. 

Ноктите се состојат од белковини, па поради недостаток би можело да имате проблем со кршење. Јајцата се добар извор на витамин Б комплекс кој ги метаболира аминокиселините кои влегуваат во составот на белковини.

Оревите содржат Омега-3 масни киселини и витамин Е кои вашата природна боја на коса ја прават побогата и пожива.

Дињата содржи бета каротен или витамин А, за кои се верува дека го регулираат растот на косата, се спречува затворањето на порите и не се создава првут.