Професор од Харвард тврди дека “Те сакам“ најчесто е лага, но тоа е добра работа!

Ах, тие две зборчиња кои толку обожаваме да ги слушаме, но кои се плашиме да ги кажеме први. Две зборчиња кои имаат толкава моќ и толкава сила да превртат нечиј живот наопаку.

Книгата „Патот“ од Мајкл Пует и Кристин Грос-Лох не е типична книга за само-помош која ви кажува како да го живеете жвотот.

Мајк Пует е професор по предметот „Класична кинеска етичка и политичка теорија“ на Харвард, кој е третиот најпопуларен предмет на универзитетот.  Оваа книга на некој начин е производ од тој предмет.

Книгата е полна со античка мудрост и сознанија кои ќе ви помогнат да размислувате за изборите кои секојдневно ги правите со цел да ве донесат до поголема среќа и душевно задоволство.

Една идеја се истакнува повеќе од другите. Базирана е на учењата на Конфучие, особено на „Аналектите“, кои се всушност серија на дијалози помеѓу Конфучие и неговите ученици.

Конфучие вели: „Надминување на сопственото его и претворањето во ритуал е начин како човек да стане добар.“

Авторите на книгата употребуваат пример од вистинскиот живот за да покажат што значи оваа реченица во контекст на денешните околности. Тие велат дека луѓето во интимни врски постојано конструираат нови реалности со кажување на „бели лаги“, како на пример: „Те сакам“.

Тие тврдат дека паровите кои секојдневно си кажуваат „Те сакам“, сигурно постојано не го чувствуваат тоа. Но, постои едно повисоко добро во негување на врската, особено преку такви ритуали кои им дозволуваат да направат пауза од реалноста и да влезат во простор во кој тие постојано се сакаат и тоа во секој даден момент. Во моментот кога „наводно“ ја изразуваат својата љубов, тие навистина го прават тоа.

Со други зборови, во сериозна врска, кога се однесувате спротивно од тоа што го чувствувате, не значи дека се работи за вештачко однесување.

Можеби не сте заљубени во начинот на којшто партнерот јаде чипс и воедно го расфрла насекаде по каучот, но ако наместо превртување со очи, вие вербално ја изразите вашата љубов кон него, тогаш ја менувате динамиката во врската и можеби дури и ги обвновувате позитивните чувства за партнерот.

Што сте однесува до идејата дека тоа ве прави неискрена, авторите тврдат дека интерпретацијата на Конфучие за „вистинското јас“ е многу често погрешно разбрана.

Каква е нашата перцепција за тоа какви сме како луѓе, најчесто е продукт на нашите шаблони на однесување. Според Конфучие, ние сме она што го правиме, а бидејќи има повеќе начини на однесување, ние најверојатно имаме повеќе различни „јас“.

Скршнувањето од нашите вообичаени однесување и заменувањето со нови „наводно“ ритуали, е начин како да се реизградиме себеси.

Авторите велат дека на овој начин, со текот на времето интернализираме поконструктивен начин за однесување во светот, наместо да бидеме водени од нашите недисциплинирани емотивни реакции.

Малку по малку, човек развива делови од себе за кои никогаш не ни знаел дека постојат и така полека станува подобар човек.