Проф. Максимовска: Општина Карпош решете ја голготата на блокирани влезови, гаражи...

Универзитетската професорка Александра Максимовска со реакција до општина Карпош да ја реши голготата со блокирани влезови, гаражи...

-Општина Карпош. Ве молиме да го решите проблемот со паркирање на улица ЛЕРИНСКА, Козле. Имате право, имате финансиски ресурси, ви плаќаме локални даноци и комунални такси. Процент од ПДД оди точно кај вас. Имате општина со најголем процент на вработени (во превод имате пари), вели професорката во својата фејсбук објава. 

И таа, како и многу жители од овој дел на градот, реагираат за хаосот со паркирањето. 

-Решете ја голготата на блокирани влезови, гаражи. Улица Леринска (посебно делот кај Германска амбасада, е претворен во див паркинг. Нема место за пешаци, нема место да се помине со возило по улицата. Тука ви е и месната заедница, точно знаете за проблемот и ништо не правите. Едно полициско возило не решава ситуација-од 8-9 наутро, вели професорката Максимовска.