Проект за поддршка на жртви на насилни кривични дела

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во партнерство со СОС Детско село Македонија денеска ќе го промовира проектот за правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела. Главната цел на овој проект е да се подобри пристапот до правда за жртвите на насилни кривични дела преку воспоставување на национален сервис за правна и психо-социјална поддршка.

Специфични целни групи за сервисот за  поддршка на жртви на насилни кривични дела се: деца, лица со попреченост, постари лица и жени. На настанот ќе се обратат претседателот на Македонското здружение на млади правници, Зоран Дранговски, националната директорка на СОС Детско село Македонија, Јулијана Накова Гапо, заменик министерот за правда Оливер Ристовски, претставник на ЕУ Делегацијата во државата, Фреек Јанмаат и проектниот менаџер Светлана Црвенковска.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии на РСМ – Секторот за централно финансирање  и склучување договори во рамките на програмата Strengthening the impact of the civil society  in effective justice sector reforms- IPA II 2014- EuropeAid/159467/ID/ACT/MK.