Продолжуваат реконструкциите на улиците на Водно

Општина Центар реконструираше уште едн улица во населбата Водно. Се работи за улицата „Христо Чернопеев“ чии жители имаа проблеми со поплавите кои се јавуваа при секој малку поголем дожд. Во должина од 345 метри, се реконструира коловозот, со нов асфалт,а веќе изведена е фекална и атмосферска канализација. Конечно, за прв пат жителите на оваа улица ќе добијат атмосферска и фекална канализација. Во суштина поразителен факт што дури сега се спроведува една ваква реконструкција, со оглед на тоа дека се работи за населба од центарот на главниот град.

Паралелно се работи на решавање на уште еден проблем кој ги мачи локалните граѓани, а тоа се честите оштетувања на водоводните цевки, па во моменотв се проценува ситуацијата за инсталирање на нова водоводна мрежа.

Реконструкцијатан а оваа улица е уште една во низата кои спаѓаат во проектот „Нова пролет, нова офанзива“.