Продолжениот викенд заврши: Мали колони и кратко чекање на граничниот премин „Богородица“

За разлика од саботата кога на граничниот премин Богородица, за излез од Македонија и влез во Грција беше забележана километарска колона дури и насилство меѓу возачите, денеска на завршетокот од продолжениот викенд, колоната е многу помала.

За излез од Грција и за влез во Македонија се чека во просек од 15 - 30 минути.

Сител телевизија пренесе видео од граничниот премин „Богородица“: