Привремен сообраќаен режим на неколку булевари во Скопје

На булеварот „Борис Трајковски“, кај влезот на поранешната фабрика Стаклара и на регионалниот пат „Јадранска магистрала“, кај натпатникот кон Визбегово денеска ќе има привремен сообраќаен режим поради изведување градежни зафати.

Од Град Скопје информираа дека екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе поставуваат портални семафори за знаци со променлива содржина. Градежните работи ќе се изведуваат од 7:30 до 12:30 часот поради што сообраќајот ќе се одвива со кратки прекини.

Се апелира учесниците во сообраќајот да го почитуваат сообраќајниот режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

new nike air max 2019