Приведени десет лица по физичка пресметка во скопско Буковиќ

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров привеле 10 лица, постапувајќи по пријава според која во 20.45 часот во с.Буковиќ настанало нарушување на јавен ред и мир.

Според соопштението на полицијата јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу Ј.А.(22) и С.А.(27), двајцата од с.Раовиќ, од една страна и И.П.(57) и Р.П.(30), двајцата од с.Буковиќ, од друга страна.  Потоа истите отишле во Градска општа болница „8 Септември“ за санирање на повредите. Околу  21.20 часот неколку лица од фамилијата на Ј.А. и С.А. од с.Раовиќ дошле во дворот на фамилијата на И.П. и Р.П. и  испукале повеќе проектили кон Љ.П.(25), син на И.П., кој се здобил прострелна рана во ногата и е пренесен во ГОБ „8 Септември“.

Приведените лица се задржани во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.