Пристигнаа машините за перење и сушење во студентските домови (фото)

Првите машини за перење и сушење кои што ги набавува Министерството за образование и наука пристигнаа во студентските домови.  Станува збор за инвестиција во вредност од 11 милиони денари, со што значително ќе се унапреди студентскиот стандард и условите за престој во домовите.

Ова неодамна го истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

-Набавивме 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење за потребите на сите државни студентски домови, рече Ристовски додавајќи дека очекуваниот период  за целосна реализација, односно нивна инсталација и пуштање во употреба е до крајот на првиот квартал на 2017 година.

Задоволни се и студентите:

 -Добро е што интензивно се вложува во домовите и условите значително се подобруваат. Набавката на перални и сушални за нас студентите е од големо значење. Повеќе нема да носиме торби со алишта за перење, за што, некогаш и специјално се враќаме во нашите родни места. Тоа ќе ни заштеди време, за дополнително учење или каква било друга активност, истакнува еден од станарите во студентскиот дом Пелагонија.

Фото: Курир