Припадниците на МВР ќе одржат алпинистичко-спасувачка показна вежба „Водно 2019“

Денес со почеток од 10 часот, во рамки на активностите по повод одбележувањето на Денот на полицијата, припадниците на МВР ќе одржат Алпинистичко-спасувачка показна вежба ,,Водно 2019“ во непосредна близина на големиот паркинг кај жичарата на средно Водно. 

На настанот, што се спроведува во рамки на активностите по повод одбележувањето на Денот на полицијата, припадници на хеликоптереската единица при МВР ќе извршат симулација на спасување лица заглавени во гондолите на жичницата на Водно.