Приказна за животот – Кога ова ќе го сфатите, веќе никогаш нема да биде исто

Понекогаш луѓето доаѓаат во твојот живот и веднаш чувствувате дека тие треба да бидат тука, дека тука се за некоја цел, да ве научат на некоја лекција или да ви помогнат да сфатите кои се или кои сакате да бидете.

Понекогаш тие се тука до вас и веќе знаете дека тие луѓе длабоко влијаат на вашиот живот. Знаете дека без нив не би биле исти, дека вашиот живот би бил сосема поинаков.

Ви се случува нешто што е тажно, трагично, страшно и неправедно, но тие луѓе се тука до вас. Бидејќи без нив никогаш не би сфатиле колкав е вашиот потенцијал, сила и волја. Но, сите нешта се случуваат со причина. Ништо не се случува случајно. Ниту љубовта, ниту болеста, ниту повредите...сите нешта се со цел да ги тестираат нашите граници. Без овие мали тестови, животот би бил поплочена, рамна патека која не води никаде.  Би бил удобен, пријатен и сигурен, но и бесмислен.

Луѓето во нашиот живот влијаат на сите нешта, на успесите и падовите, но и на тоа како ги доживуваме сите нешта во нашиот живот. Тие помагаат да станеме силна личност. Да се издигнеме од нашите проблеми и неволји. Да научиме значајни лекции.

Ако некој ве повреди или изневери, простете им бидејќи ве учат на важна лекција за довербата и внимателноста кога некому го отворате своето срце. Ако некој ве сака, сакајте го. Ако некој ве сака со сето срце, научете како да сакате од нив.

Дозволете секој ден да ви биде важен. Уживај во секој момент и сфати дека ниту еден момент кој го минуваш, нема веќе да се повтори. Држете ја главата горе и никогаш не заборавајте на луѓето кои беа до вас во вашите најтешки мигови.

Можете да го градите својот живот само со оние кои ги сакате и кои ве сакаат.