Еден млад човек запрашал еден мудар старец: „Што сум јас?“

Старецот рекол: „Ти си она што ти мислиш. Ќе ти го објаснам тоа со една приказна.“

Еден ден, покрај градските ѕидини, во самракот, луѓето можеле да видат две личности кои се прегрнуваат.
Невиното детенце мисли: Тоа се тато и мама.
Човекот со бујна фантазија мисли: Тоа се љубовници.
Човекот кој живее сам мисли: Тоа се двајца пријатели кои со години не се виделе.
Човекот кој е алчен за пари мисли: Тоа се двајца трговци кои склопиле успешна зделка.
Жената со нежна душа мисли: Тоа е таткото кој го прегрнува синот кој се вратил од војна.
Човекој кој тагува поради смртта на својата ќерка мисли: Тоа е ќерка која го прегрнува својот татко кој се вратил од пат.
Девојката која сонува за љубов мисли: Тоа се двајца заљубени до уши.
Убиецот мисли: Тоа се двајца кои се борат до смрт.
Тесноградиот човек мисли: Којзнае зошто се прегрнуваат.
Божјиот човек мисли: Колку е убаво да се видат двајца луѓе кои се прегрнуваат.

Старецот на крај заклучил: „Секој размислува и просудува во зависност од тоа што е самиот тој и што носи во себе.“