Причини за сексуална апатија

Со тек  на времето, многу љубовни партнери почнуваат да ги избегнуваат сексуалните односи, а често не се во состојба да ја објаснат причината за тоа.

Намалувањето или губењето на сексуалната желба дури еднаш во текот на животот ги погодува дури 1/5 од населението. Таа се јавува и кај мажите и жените, но многу почеста е кај женската популација. Експертите истакнуваат дека причините за сексуална апатија или аверзија се многубројни.

На скалата на причини за пореметувањата во сексуалната желба, на прво место се наоѓаат лековите за хронични заболувања. Антихипертензивите, антидепресивите, како и контрацептивните таблети се сметаат за најчестите лекови кои негативно влијаат на либидото и остварувањето најинтимна партнерска блискост.

Депресијата исто така придонесува за намалување на сексуалната желба, болеста уште повеќе се зголемува кога личноста сфаќа дека не е во состојба да одговори на партнерите на партнерот.

На намалувањето на сексуалната возбудливост и желба влијае и менопаузата на жените. Таа може да се манифестира нагло или постепено, зависно од намаленото лачење естроген, прогестерон и тестостерон. Сепак, тоа не се случува често кај сите жени, без оглед на ослабената хормонска функција.

Карциномот на дојките исто така може да биде причина за избегнување на сексуален контакт, особено по операцијата. Во тој период, најчесто жените се срамат од својот изглед и се чувствуваат помалку женствено.