При рутинска контрола му откриле дека табличките на возилото припаѓале на друг автомобил

При рутинска контрола на возило во близина на Граничен премин Богородица откриле дека табличките на тоа возило припаѓаат на сосема друг автомобил. Од тие причини полицијата поднесе кривична пријава против Б.М. поради фалисфикување на исправа

„Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.М.(32)од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 10.02.2024 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило управувано од пријавениот, при што констатирале дека регистарските таблички му припаѓале на друго возило“.