При ископ во рудникот „Суводол“ пронајдена граната од Првата светска војна

Вчера било пријавено дека при копање во рудникот Суводол во Битола била пронајдена артилериска граната од Првата светска војна.

„На 19.04.2024 во 09.39 часот во СВР Битола било пријавено дека при ископ на јаловина во кругот на РЕК Битола, Рудник „Суводол - Јагленов Систем“, била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Увид извршила екипа од СВР Битола, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола“.