Над 50 отсто пониски сметки за струја по вградувањето на сончевите колектори. Намалувањето на цената на електрична енергија според корисниците е главниот мотив за зголемениот интерес.

Поради континуираниот раст цената на струјата, граѓаните се сè повеќе заинтересирани за користење на системи за соларна енергија.

Сонцето претставува извор на енергија достапен насекаде. Сончевата енергија може да се користи за загревање и осветлување на домот, затоплување на водата за потрошувачка, како и за директно производство на електрична енергија.

Соларните системи кои се користат за греење и потрошувачка на топла вода како основен извор на енергија ja употребуваат сончевата енергија. Овие системи во најголем број на случаи се користат како дополнителни извори на топлина, а како основни се користат електрични или плински котли. Имено, нивната употреба во вид на примарни енергетски извори е ретка поради потребата од доволно количество на сончево зрачење преку целата година.