Љубов и секс
17. August 2016 - 11:44

Прекрасни брачни совети од еден разведен маж кои секој маж треба да ги прочита!

Џералд Роџерс, психолог кој поминал низ тежок развод решил да си ја олесни својата душа и напишал прекрасен пост на Фејсбук во кој зборува за животот, љубовта, врските и разводот. Тој започнал со тоа што напишал:

„Откако ја изгубив жената којашто ја сакав и бракот од речиси 16 години, еве го советот кој посакувам некој мене да ми го дадеше...“

Во продолжение прочитајте ги неговите совети:

Изберете љубов

На крајот, ова е и единствениот совет кој ви е потребен. Ако ова е водечкиот принцип преку кој ги носите сите одлуки, не постои нешто што ќе и се закани на вашата среќа. Љубовта секогаш ќе издржи.

Не се оптоварувајте со пари

Парите се игра, најдете начин како да работите како тим за да победите во таа игра. Никогаш не е корисно соиграчите во тимот да се расправаат. Најдете начини како да ги искористите доблестите и предностите на двајцата за да победите.

Секогаш растете заедно

Сосема е логично дека ако лежите цело време, мускулите ќе ви атрофираат. Истото се случува и со врските доколку престанете да работите на нивно развивање. Најдете заеднички цели, соништа и визии и работете на тоа да ги остварите.

Дозволете си себеси да бидете ранливи

Не мора секогаш да имате совршен жиот и да бидете совршени. Бидете подготвени да ги споделувате и вашите стравови и чувства и признавајте ги вашите грешки.

Бидете отворени и транспарентни

Ако сакате да имате  меѓусебна доверба, мора да научите да споделувате – особено работите кои не сакате да ги споделите. Потребна е храброст искрено да се љуби, целосно да се отвори срцето и да дозволите таа да влезе во него и да се соочите со стравот дека можеби нема да и се допадне тоа што ќе го најде таму. Дел од таа храброст е да и дозволите целосно да ве љуби. И вашите темни, но и вашите светли страни.

Отфрлете ја маската: Ако чувствувате дека постојано треба да носите маска околу неа и да бидете совршени цело време, никогаш нема да можете да ја искусите целосната димензија на љубовта.

Не бидете глупави

Не бидете идиот, но истовремено не се плашите понекогаш да бидете идиот. Вие ќе правите грешки. И таа ќе прави грешки. Потрудете се да не правите преголеми грешки и учете од оние кои ќе ги правите. Не е поентата да бидете совршена, само трудете се да не бидете премногу глупави.

Состанувањето никогаш не престанува

Никогаш не ја земајте вашата жена здраво за готово. Кога ја побаравте за жена и ветивте дека ќе бидете мажот кој ќе го чува нејзиното срце. Ова е најважното и најсветото богатство кое некогаш ќе го имате. Таа ве избрала вас. Не го заборавајте тоа и никогаш не бидете мрзеливи во љубовта.

Заштитете го вашето срце

Исто како што сте ветиле да го чувате нејзиното срце, подеднакво морате да го чувате и своето. Сакајте се себеси, сакајте го светот, но мора да постои едно посебно место во вашето срце во кое никој не смее да влезе освен вашата жена.

Заљубувајте се секој ден

Постојано ќе се менувате. Вие не сте истите луѓе кои сте биле кога сте стапиле во брак и за 5 години нема да бидете истата личност којашто сте денес. Промените ќе дојдат и затоа ќе мора постојано да се избирате еден со друг. Таа не мора да остане со вас и ако не се грижите за нејзиното срце, таа може да го подари на друг и никогаш да не можете да го вратите назад тоа срце. Секогаш борете се да ја добиете нејзината љубов исто како што сте се бореле на почетокот од вашата врска.