Позитива на денот: Фејсбук спојува и кога животот разделува

Моќта на социјалните мрежи е многу поголема отколку што ни се чини. Алатките кои ги нуди можат да спојат многу луѓе со заеднички приказни, дури и кога самите се спремни да се откажат од тоа.

На Фејсбук може да се најдат повеќе групи во кои темата е посвојување и потрага по биолошки родители. Една жена се обратила до администраторите на групата дека ја бара својата сестра. Не поминало многу време додека да ѝ посочат дека уште една жена која одговара на описот и дадените податоци е во потрага по биолошкото семејство, но во друга група. 

Иако податоците се поклопуваат целосно, а самиот чин е многу емотивен за двете страни, се чека уште на резултатите од ДНК-тестирањето, за да може едно семејство кое поради одредени причини било некогаш разделено, повторно да се спои. 

Ваквите приказни предизвикуваат многу емоции и реакции, но и оставаат доволно надеж дека секој кој е во потрага по нешто, можеби само ги нема искористено соодветните алатки за да стигне до она што го бара.