Пожарникарски крос покрај Kејот на реката Вардар

Во близина на СЦ „Јане Сандански“ на кејот на реката Вардар денеска со почеток во 10.30 часот деветти пат ќе се одржи пожарникарскиот крос-натпревар „Пожарко 2016“.

Традиционалниот пожарникарски крос за учениците од основните училишта од градот Скопје се организира по повод 20 мај, денот на пожарникарството во Република Македонија, во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје.

Право на учество на кросот во конкуренцијата машки на 600 метри и женски на 500 метри имаат учениците од осмо и деветто одделение од сите училишта во Скопје, а за категоријата 500 метри за машки и 400 метри за женски, право на учество имаат учениците од петто, шесто и седмо одделение само од Општина Аеродром.