Повторно запалени три возила во Скопје

Рано утрово во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Алпи“ во Скопје околу полноќ две непознати лица полиле запалива течност врз паркирано патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, кое потоа го запалиле. Другото паркирано возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки било само полиено со запалива течност, но не било запалено. Девте возила се сопственост на С.М. (62) од Скопје.

Пожарот е изгаснат од сопственикот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

И на улицата „Рајко Жинзифов“ во Скопје утрово горело возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.Г. (29) од село Мршевци.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.