Повторно тепачка на автобуска на ЈСП: Група насилници претепаа 15 годишно момче

Уште еден малолетник претепан додека чекал автобус на постројката на ЈСП кај Транспортниот центар во Скопје. Како што информира МВР инцидентот се случил вчера во 18:35 часот кога 15 годишно момче од Кадино без повод и причина било нападнато од група од 5-6 лица на возраст меѓу 16 и 18 години. 

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.Вакви инциденти имаше и пред неколку дена но се уште ниту еден од нив не е расчистен. Интересно е што сите се случија на истата автобуска постојка.