Повторно невреме во Скопје, Лисиче без струја, а ова е состојбата во другите градови

Невреме вечерва во Скопје, Населбата Ново Лисиче е без електрична енергија.

Силен циклон ја погоди северозападна Македонија попладнево, кој се спушти од Јадранското море преку Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.

Најпогоден град од циклонот „Тодор" повторно е Скопје, каде во моментов паѓа голема количина на дожд, проследен со силни грмотевици и ветар.

Според сателитските снимки, циклонот се движи од Јадранското море преку Балканот.

Oва е состојбата во другите градови на држвата во моментов.