Повреден мотоциклист во сообраќајка кај Собранието

Мотоциклист е повреден повреден во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски“ во Скопје.

Повреденото лице е однесено во Градската болница, а полицијата е на местото на сообраќајката и врши увид.