Повеќе скопски села утре без струја

Дел од корисниците од скопските села Кадино, Марино, Илинден, Бела Земја, Белимбегово и Стајковци утре од 5:00 до 6:30 часот ќе останат без струја.

В понеделник без електрична енергија од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Славејко Арсов“ и „Салвадор Аљенде“ во Општина Кисела Вода.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.