Повеќе од 6 часа се гаснеше пожар кај „Борис Трајковски" (ФОТО)

Повеќе од 6 часа се гаснеше пожарот кој што дивееше вчера попладне позади спортската сала „Борис Трајковски", во општина Карпош.

Две возила на протипожарните екипи се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот кој веќе неколку часови не стивнуваше. Причината за пожарот се уште не е позната, а голем дел од дивата населба каде беа населени ромски фамилии остана во чад и пепел.

Населени ромски фамилии, пуштени коњи, високи треви, измет од животни, старо железо, пластични шишиња ... со години наназад така изглеше централното скопско подрачје на кејот на реката Вардар, спротои спортскиот центар Борис Трајковски во населбата Карпош. Хигиената беше на ужасно ниво, околината загадена, ѓубре, пластика и измет на сите страни, а животни слободно шетаа и по улиците во оштината.

Фото: Вечер