Повеќе од 150 македонски туристи заглавиле на скопскиот аеродром: 6 часа чекаме, авион нема!

Повеќе од 150 македонски туристи повеќе од 6 часа се заглавени на скопскиот аердром, зашто компанијата „Онуе ер“ не долетала во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада. Патниците со кои телефонски разговаравме беа изреволитирани и рекоа дека заради малтретирањето размислуваат да поднесат тужби против агнециите, пренесува Пресинг ТВ.

На скопскиот аердром групата, која е прва тура за Хургада во новата туристичка сезона, дошла околу во 02 часот по полноќ, по што авионот на „Онур ер“ требал да полета за Хургада. Но, авион од тогаш нема.

-Повеќе од 6 часа сме на аеродром. Некoи се со деца. Смрзнати сме од климите. Најлошо е што компанијата со која треба да летаме „Онур ер“ ветила дека ќе испрати друг авион, од Анталија, но тој го нема на списокот за полетување – вели за Пресинг ТВ Гордана.

Друг патник, од Битола, вели дека преку претставник на неговата агенција дознал дека авион ќе има, но после 10 часот, но и тоа не било сигурно.

-Ни дадоа по една вода и кафе, сендвичи имаше само за околу третина од патниците. Некои се со деца. Особено им е тешко на пушачите затоа што сме на терминал и не можеме да се движиме на други места, ниту да излеземе надвор. Во многу незавидна положба сме, вели патникот од Битола.

Патниците објаснуваат дека утринава се јавиле во нивните туристички агенци, а некои од нив веднаш испратиле свои претставници на аеродромот. Тие успеале да добијат информација дека авион компанијата ќе испрати, но не тој предвидениот, туку друг од Анталија.

Проблем е што од аеродромот во Анталија нема предвидено лет за Скопје. Така што навистина не знаеме што ќе се случи. Еве, првиот ден во Хургада практично ни е загубен. Се надеваме дека, сепак, како што рекоа околу 10 ќасот ќе слетал авион за да замине за Хургада“, вели друг очаен патник.

Пресинг е во конткат со патниците и ќе известува за случката со стотината заглавени македонски туристи кои тргнале на одмор за Хургада.