Некој човек постојано се чувствувал притиснат од тегобите на секојдневното живеење, па така се пожалил кај својот духовен учител.

- Не можам веќе. Мојот живот е неподнослив.

Учителот земал малку пепел меѓу прстите и го пуштил во чаша вода. Додека пепелот се мешал во водата, тој рекол:

 - Ова се твоите тегоби. Водата го впила пепелот и потемнела.

Човекот не знаел што се случува и што сака да каже учителот.

Учителот потворно земал иста количина пепел и го пуштил во морето. Но, морето не потемнело, а пепелта не оставила никаква трага во морето.

  - Гледаш ли? Можеш ли да ја забележиш разликата?  - прашал учителот.

Секој ден мораш да одлучиш дали ќе бидеш како чашата вода или морето.