Поучна приказна: Среќа или несреќа?

Еден старец и неговиот син работеле на нивната фарма. Имале само еден коњ. Еден ден, коњот избегал.

Соседите сочувствувале и викале: „Страшно! Каква несреќа!“
Старецот одговорил: „Среќа? Несреќа? Ах, кој би знаел...“

Наредната недела коњот се вратил од планината, со себе донел уште 5 прекрасни кобили.

Соседите велеле: „Каква среќа!“
Старецот рекол:  „Среќа? Несреќа? Кој би знаел?“

Следниот ден, синот се обидувал да припитоми една од кобилите, паднал од неа и си ја скршил ногата.

Соседите викале: „Каква несреќа!“
Старецот прашувал : „Среќа? Несреќа?“

Започнала војната, дошла војската и ги однела сите здрави млади мажи. Синот на старецот не им бил од корист бидејќи имал скршена нога, па не го земале него.

  • Среќа? Несреќа?