Постои една древна легенда за тројцата мажи и тројцата носеле по две вреќи. Но, сите различно го чувствувале товарот. Вреќите им виселе на двете страни од една дрвена гранка која ја носеле на рамената.

Некој го прашал првиот човек: „Што имаш во вреќите?“

Првиот човек одговорил: „Сите мои успеси, сите добри дела за моите пријатели, сите животни радости се во едната вреќа. Скриени од погледи, завршени и не ми пречат многу. Во другата вреќа се сите лоши работи кои ми се случиле. Одам, застанувам често, ги вадам, гледам, проучувам, размислувам што да направам. Постојано работам на нив.“

Тој човек често застанувал, гледал назад, се мачел и бавно се движел напред.

И на вториот човек му било поставено истото прашање.

Тој рекол: „Во едната вреќа ги носам сите мои добри дела, мудрост и доблести. Често ги гледам, ги вадам и ги покажувам на другите. Другата вреќа ги содржи моите грешки и слабости. Ги носам со себе кај и да одам, затоа што тие се мои и не можам туку-така да ги оставам на страна. Ме успоруваат и понекогаш се многу тешки.“

Третиот човек одговорил:

„На едната вреќа го напишав зборот „Добри сеќавања“. Преполна е со позитивни мисли, добри човечки дела, сите добри работи кои сум ги имал и кои сум ги направил во животот, мисли за мојата снага. Таа вреќа не ми е тешка. Напротив, како едрата на бродот, тие ми помагаат да се движам напред. Другата вреќа има натпис „Лоши сеќавања“ и е потполно празна, затоа што и го отсеков дното. Малку размислувам за сите лоши работи кои ми се случиле, сите лоши мисли кои понекогаш ги имам за себе, за злото кое го слушам од другите, а потоа ги фрлам во таа вреќа. Бидејќи дното е исечено, тие паѓаат низ дупката и си заминуваат засекогаш. ЈАС СУМ СЛОБОДЕН. ЈАС НЕМАМ ТОВАР КОЈ БИ МЕ СПРЕЧУВАЛ ДА СЕ ДВИЖАМ.“