Потресна исповед на македонската дива за својот внук: Срцето ме боли кога го гледам како пати!

Поп пејачката Маја Оџаклиевска минува низ тешки семејни мигови со седумгодишниот внук за што и јавно проговори.

Таа одлучи јавно да зборува за болеста на нејзиниот седумгодишен внук

-Не можете да му помогнете на сопственото дете кое се самоказнува, и кое не знае ништо да ви каже, изјави пејачката во емисијата „Премиера“.

Имено, Лука, синот на нејзината ќерка боледува од аутизам и Маја собра храброст за тоа отворено да зборува пред камерите и на останатите родители со такви проблеми им порача да не молчат туку да се борат за своите деца.

-Првите две години ги говореше оние први детски зборови: мама, тато, баба. А сега веќе не зборува. Тој веќе 5 години молчи. Навистина пее и изговара некои слогови, ама тоа е се. Мислам дека дојде период кога треба на нашето дете да ни помогнат на адекватен начин сите оние на кои им се обративме и детето да проговори. Инаку се разбира,  раскажа таа во емисијата.