Поради штрајк откажани 60 отсто од летовите на „Ал Италија"

Поради штрајкот на работниците на „Ал Италија", кои се противат на планираните откази и намалувањата на платите, откажани се 60 отсто летовите на оваа авиокомпанија.

Компанијата, чиј мнозински сопственик е „Етихат Ервејз" од Обединетите Арапски Емирати, соопшти дека на најпрометните сообраќајни летови употребила поголеми авиони и дека над 90 отсто од патниците ги промениле картите.