Понеделничко „Добро утро“ ни стигна од Ќерамидница

Рано изутринава, околу 5:45 часот граѓани овековечија огромна црна печурка од чад кој се издигаше над населбата Ќерамидница. 

Речиси да нема ден без да се случи ваква или слична еколошка хаварија во главниот град и неговата околина.

„Тука живеам и секој ден е вака. Палат кабли и пластика од дивите населби. Пријавувано 1000 пати но џабе. Тука е неподносливо да се живее луѓе“ - напиша наша сограѓанка која живее во оваа населба.