Положено свежо цвеќе пред спомениците на партизанските гробишта во Бутел и пред Генерал Михајло Апостолски

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, претседателката на Советот на град Скопје, Љубица Јанчева и секретарката на градот Викторија Аврамовска Мадиќ, ги предводеа делегациите кои денеска положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта Бутел и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски.

На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Игор Вељаноски, Бојан Ивановиќ и Јелена Жугиќ, како и Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна – Скопје; делегација на град Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Македонија; делегација од Собранието; делегација од Владата; делегација од Министерството за одбрана; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од општините на Скопје; делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Скопје; делегација на Црвен крст, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции.