Полицијата влезе во домот на двајца скопјани - веднаш ги приведе

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против М.Д.(39) и И.К.(35), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај М.Д. при што била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден околу 21 часот на ул.„Ѓорѓи Капчев“ полициски службеници извршиле претрес кај И.К. при што пронашле и одзеле марихуана и други предмети.

Двајцата пријавени се приведени во полициска станица.