Вистината е дека никогаш нема да ни успее со погрешните луѓе во нашиот живот. Можеме до утре да се прашуваме што сака таа личност, што да направиме за да и се допаднеме, да користиме книги и да слушаме совети, но никогаш нема да можеме да се поврземе со погрешната личност. Нема никогаш да се чувствуваме сакано и исполнето.

Можете да си кажете себеси дека љубовта никогаш не е совршена и да ја прифатите таа личност, но љубовта нема никогаш да биде онаква каква што треба да биде. Можете да ги намалите стандардите, да правите компромиси и да прифатите многу други нешта, но нервозата ќе продолжи да биде дел од вашиот живот. Ќе се разбудите прашувајќи сте дали сте сакани, дали љубовта е вистинска и дали да останете или да си одите.

Со погрешната личност, никогаш не знаете дали ве игнорираат, дали се зафатени, дали играат некаква игра и колку навистина им значите. Никогаш нема да го знаете тоа и да бидете на сигурно. Можете да ги играте сите карти, но никогаш нема да победите бидејќи тие не ве сакаат на начинот на којшто вие ги сакате. Со погрешните никогаш нема да се најдете на пола пат и нема да најдете баланс. Тие можат без вас и ќе продолжат без вас.

Вистината е дека секогаш можете да ја забележите разликата меѓу некој кој се обидува да ве задржи во својот живот и некој кој воопшто не се грижи да ве изгуби. Погрешните луѓе во вашиот живот воопшто не се грижат дали ќе ве изгубат. За нив сте невидливи, важни само во овој момент. Тие никогаш нема да ја видат вашата убавина и големина, или пак вашата сила. Тие секогаш ќе бараат нешто друго.

Вие заслужувате личност која не е таква. Заслужувате личност која ве забележува, која прави напор за вас. Некој кој се труди да го разубави вашиот ден. Заслужувате личност која ќе ве сака со сето срце.